Зошто понекогаш за време на секс ни се оди во тоалет?

4 јули, 20180
9

Колку често ви се случува да сте во кревет со партнерот, голи и возбудени, спремни за дива партија секс и наеднаш почувствувате необична потреба да одите во тоалет?

Секако дека не сакате да ја прекинете акцијата за одите до тоалет бидејќи не сакате да го уништите моментот. Но, не сакате ни да уринирате во креветот, зарем не? Паузирате, трчате до тоалет и завршувате работа. Бидејќи ви е потребно малку време за повторно да се вратите во исто расположение, тивко во себе си го колнете мочниот меур бидејќи ви ја упропастил забавата.

Според секс експертите, пенетрацијата врши силен притисок на мочниот меур кој е сместен веднаш зад вагината. Ако во неа има барем малку течност, поради тој притисок ќе имате впечаток дека имате силна потреба за во тоалет. Докторите тврдат дека одредени пози можат да го зголемат тоа чувство како што е кучешката поза или било која поза каде притисокот доаѓа од задниот дел.

Понекогаш чувството дека морате да одите во тоалет нема никаква врска со мочниот меур. Ако вашиот партнер соодветно ја стимулира вашата Г-точкам до таа мера што ви се чини дека ќе доживеете оргазам, исто така може да се јави потреба да се олесните затоа што кога сте блиску до врвот постои течност која се собира околу Г-точката.

Ова може да биде навистина иритирачко бидејќи како може вие да знаете кога имате реална потреба да уринирате, а кога сте блиску до оргазам?

Докторите советуваат дека доколку често имате потреба да одите во тоалет за времена секс, потрудете се да го направите тоа непосредно пред сексот за да можете да се опуштите и да доживеете оргазам без да се грижите. А, ако одредени пози го засилуваат таквото чувство, тогаш најдобро е да ги избегнувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *