Зошто сепак одбираме моногамија?

20 декември, 20180
monogamija

Ќе се разочарате, но романтиката нема никаква врска со ова.

Убаво е да се мисли дека до моногамија дошло бидејќи двајца се толку многу вљубени еден со друг. Новите истражувања ќе ја побијат оваа илузија. Една студија од Универзитетот  Waterloo открива како луѓето во праисторијата почнале да ја практикуваат моногамијата (и да ја отфрлат полигамијата) поради сексуално преносливите болести и притисокот од средината.

Со помош на компјутерски техники, научниците ја симулираа еволуција на разни навики за размножување на човечката популација базирана на демографски податоци и преносливи болести. Од кога ловците почнале да се задржуваат подолго во една област и да живеат во поголеми заедници, сексуално преносливите болести, како што се гонореја, сифилис и кламидија, се ширеле повеќе.

Кога сексуално преносливите болести се појавиле кај населението, кај мажите кои имале поголем број на сексуални партнери  плодноста им се намалила. Со цел да се изборат против неплодноста, мажите почнале да избираат само една партнерка. Групите кои практикувале моногамија имале повеќе потомци и напредувале подобро, додека групите кои продолжиле да практикуваат полигамија, заостанувале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *