Луксузна колекција на патики инспирирана од Мајкл Џексон

7 септември, 20180
ма

Колекцијата има и еден посебен модел украсен со рубини и дијаманти кои ќе се продадат во доброволни цели.

За да одаде почит на прерано починатата ѕвезда од чија што смрт поминаа веќе девет години, дизајнерот Џузепе Заноти, по поводот на Џексоновиот 60.роденден дизајнирал ексклузивна колекција на патики во соработка со фондот кој се грижи за неговото наследство.

Модели беа претставени во среда, на гламурозната роденденска прослава во Лас Вегас, а ги претставија Париз и Принц Џексон со својата верзија на moonwalk танцот.

Патиките се достапни во три бои – бела, црна и сребрена – и се украсени со натписот TRIBUTE со Сваровски кристали, додека на едно од копчињата е напишано името на кралот на поп.

Со оглед на тоа што се работи за ограничена колекција од само две илјади парови, секој пар е обележан со единствен број и ќе се продава по цена од 1.295 долари во избраните Giuseppe Zanotti бутици.

Колекцијата ја следи и еден посебен модел на кој Swarovski кристалите се заменуваат со рубини и вистински црни дијаманти, а тој скапоцен пар ќе биде продаден на аукцијата во ноември, а средствата од продажба се наменети за хуманитарното здружение The Elizabeth Taylor AIDS Foundation.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi