Митот во исхраната кој е опасен за здравјето

20 август, 20180
m

Еве уште една причина да не се исфрлаат целосно јагленохидратите од исхраната.

Веројатно веќе сте ја чуле теоријата дека ќе изгубите на тежина ако ги исфрлите јагленохидратите од вашата исхрана. Меѓутоа, диетите кои подразбираат исфрлување на јаглехидратите од исхраната и нивна замена со протеини или масти не е најздравиот избор и може да ви го скрати животот, покажува една нова студија .

За подолг, поздрав живот, најдобро е да јадете јагленохидрати во умерени количини.

За потребите на оваа студија, ја анализирале исхраната на 15.428 луѓе и откриле дека оние кои конзумирале премалку или премногу од овие намирници умреле помлади од оние кои ги јаделе умерено.

Овие наоди беа потврдени со мета-анализа на студии кои вклучуваат повеќе од 400.000 луѓе ширум светот. По 25 години на следење, истражувачите откриле дека луѓето кои јадат малку јагленохидрати (помалку од 40 проценти од калориите доаѓаат од јаглехидрати), и оние кои внесуваат премногу (над 70 отсто) имаат поголем ризик од смрт во споредба со оние кои ги конзумираат умерено (50-55 проценти од вкупните калории).

Оние кои умерено консумираат јагленохидрати живеат во просек четири години подолго од другите.

Значи, теоретски, целосното отстранување на јагленохидратите од исхраната може да го намали животот за четири години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi