5 начини како да носиме тексас панталони
Софистицирано
Комбинирајте исечени тексас панталони со убаво сако и еспадрили со животински принт. Кратките панталони можат да изгледаат стилски, само треба да знаете како правилно да ги комбинирате.
Двоен тексас
Иако тексас кошулите веќе не се толку модерни, сеуште има нешто свежо во комбинацијата тексас со тексас. Може да го следите правилото – посветол тексас со потемен или да експериментирате. Комбинирајте ги кратките тексас пантолони со разни аксесоари или кожни сандали во неутрална боја.
Едноставен шик
Тексас панталони и бел топ не звучат премногу возбудливо, но при оваа комбинација водечки се додатоците. За да изгледате модерно и шик, комбинирајте ги шорцевите со класична бела кошула, црно-бели чевли на висока потпетица и златно ланче.
Многу гламур
Сакате да бидете гламурозни? Одличен начин да го постигнете овој ефект е да облечете кратки тексас шорцеви со светкав топ, сандали на висока потпетица и чанта во светла боја.
Кул
Сигурно има многу начини да носите тексас шорцеви, но ако сакате да изгледате модерно и кул – комбинирајте ги со маица со принт, долго ланче и голема бела торба со златен акцент.