5 пролетни шик комбинации
Викенд кафе или ручек
Започнете со палто во весела боја, облечете светли фармерки, чевли во нестандардна боја и интересни очила за сонце.
Класична работна комбинација
Конзервативно, но сепак шик. Класична кошула, а врз неа блуза или џемпер по ваш избор, искомбинирано со здолниште во интересен дезен, но со прикладна должина. Додадете само уште штикли во неурална боја и мала чанта во впечатлива боја.
Работна шик комбинација
За оние кои немаат строго одреден код за облекување и се дел од некоја послободноумна средина слободно може да одберат некоја ваква комбинација. Цветен, лелеав фустан, а одозгора џемпер или некоја наметка. Впечатлив прстен и чевли во зависност од временските услови.
Вечерно излегување
Бело палто со линии, едноставна маичка, бели crisp панталони, долго ланче и чевли во впечатлив дезен.
За прошетки
Нема зашто удобната комбинација да не биде шик. Потребно ви е палто во впечатлива боја, маичка со дезен, тексас шорцеви, удобни и модерни патики и очила за сонце со кружни рамки.