Подобрете го вашиот стајлинг со прекршување на некои правила

9 февруари, 20180
7

Настанува впечатлива промена во светот на модата!

Сите оние кои ја потикнуваат индивидуалноста и кршењето на модните правила, се посреќни од било кога. Ако сакате да носите плисирана сукња во металик боја и кошула на линии, носете! Само напред!

Ослободете го вашиот дух и дозволете истиот да се прелие на вашиот стајлинг. Се е дозволено, само треба да бидете среќни и задоволни. Бидете свои, не им се покорувајте на правилата. Нив користите ги како инспирација за изградба на сопствен стил и стајлинг. Животот е прекраток за да се покорувате на нечии правила, а модата е забавна само доколку е слободна, креативна и разиграна, кога ги руши границите и правилата.

Носете црвена со светло плава! Развеселете ја досадната тексас кошула со налепници и цртежи од различни стилови. Пробајте шарен фустан! Ставете шљокици каде и да сметате дека би требало да има, на пример на манжетната на старата кошула. Наместо традиционално црните чизми, купете жолти!

Разиграјте ја деловната облека носејќи розево одело! Инвестирајте во ташната која ќе вриска каде и да одите на цел глас! Облечете шарен мантил врз едноставните дневни комбинации. Помешајте повеќе различни нијанси од иста боја. Нека се прелеваат на вас.

Облечете екстравагантен фустан со рамни влечки. Комбинирајте шарен аутфит со ташна во дреч боја. Носете црвено и циклама. Заедно. Одеднаш. Не ги занемарувајте туфните! Одржувајте го летотот со живи тиркизни детаљи.

Одлучете се на слоевито фустанче, наместо едноставен и класичен фустан до колена. Носете елегантен, струкиран блејзер со фармерки. Заменете ги фармерките на вашиот партнер за неговите панталони. Немојте да го заборавите каишот

Шарени чизми?! Зошто да не?! Гушнете ги силно! Зелена минт боја и жолта како сенф? Спакувајте ми ги! Пробајте линии!Внесете живот во вашата блуза без рамена, така што би ја носеле под коктел фустанот.

Ослободете ја малата каубојка Доли Партон од себе така што ќе носите јакна со ресички. Храбро излезете надвор облечени во плиш од глава до пети.  Смело носете ја црвената боја!

Комбинирајте конусна камуфлажна јакна со остро бели панталони. Или обратно! Носете лелеаво и лесно фустанче врз винтиџ фармерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *