Практични и неодоливи: И оваа пролет носиме фустан-кошули
18 мај, 20180
Нивниот шарм е во тоа што во исто време тие се класични и модерни, едноставни и ефектни, па лесно може да бидат и бизнис и лежерно парче, што главно зависи од изборот на чевли.
Тие беа во мода и минатата пролет, а очекувано се вратија и оваа.
Фустаните кои изгледаат како долги кошули во краток рок ги освоија симпатиите на голем број модни обожаватели, кои сигурно нема да се откажат од ова практично и шик парче кое може да се носи од утро до вечер.