Модниот бренд Victoria Beckham доживеал и посветли денови

18 декември, 20180
викторија 0

Модниот бренд на поранешната членка на Spice Girls во повеќемилионска загуба

Неверојатни вести доаѓаат од Велика Британија. Познатиот моден бренд „Victoria Beckham Limited“, чијшто приход се зголеми за 17%, има оперативна загуба од 10,2 милиони фунти.

Од независноста на луксузниот моден бренд во 2008. и од 2017. година, трошоците се зголемија од почетни 2 милиони на 10,2 милиони, што е голема разлика за само неколку години. Приходите се зголемија на 42,5 милиони фунти, но експертите веруваат дека Бекам, која сама вреди околу 240 милиони фунти, може да очекува профит дури во средишниот период.

Загубите, исто така, се проширија и на Victoria Beckham Limited и покрај ограничената колекција за американскиот high-street ланец Target и линијата на шминка за Estée Lauder. Продажбата порасна на колекцијата ready-to-wear на Victoria Bechkam, која оваа година ја одбележува десетгодишнината од нејзината прва модна ревија на Лондонската модна недела.

И покрај тешкото трговско опкружување оваа година, од Victoria Beckham Limited изјавија дека „инвестираат во идниот пораст на пазарот, како што се САД и Азија, и продолжуваат да градат свој лидерски тим“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi