Може ли Викторија Бекам да изгледа подобро? Не може!
30 ноември, 20180
Уште еден одличен outfit на британската дизајнерка.
Веќе ја коментиравме посетата на Викторија Бекам на Њујорк, односно одличниот outfit во кој пристигна на аеродромот, а сега еве уште една врвна комбинација. Овој пат во црвена боја, која толку многу и одговара. Се разбира, тука се и пантолоните со ѕвонести ногавици од новата колекција на Викторија, која таа постојано ја носи. Станува збор за панталони кои се толку долги што ги покриваат чевлите со високи потпетици и платформа , а оваа црвена боја одлучи да ја искомбинира со ташна во иста боја и бела блуза со пруги. Во секој случај, уште една одлична комбинација на британската дизајнерка.