Нема шанси да не ве забележат во него: Најбараниот капут за зимата 2018. година

6 ноември, 2018
капут

Би додале дека ова е стилско парче во кое вреди да вложите пари оваа зимска сезона.

Иако сите оваа сезона се заљубија во популарниот “Teddy Coat”, сепак класиката е незаменлива и пронајдовме еден модел на капут кој ќе го обожаваат дамите со истенчен  вкус.

Признаваме дека летото има своја магија, но есента дефинитивно ја носи титулата за најстилска сезона.

Ладното време ни дава знак, не само да се облечеме слоевито, туку и да комбинираме различни дизајни, стилови, јакни, мантили, костими. Минатата година ја одбележаа oversize капутите, додека оваа година акцентот ќе биде поставен на белиот минималистички капут кој стана едно од најпродаваните парчиња за оваа сезона. Со рамен крој и широки, ѕвонести ракави, овој капут совршено ќе одговара на секоја зимска комбинација.

Доколку сакате да оставите впечаток на девојка со стил и сакате некое парче кое ќе го носите повеќе сезони, вложете пари во купување на овој капут.

Во продолжение следи инспирацијата како да го носите.

View this post on Instagram

Nature Reflection @mango #MangoCommitted #MangoGirls

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa) on