Одлични модни трикови – како да изгледате средено за малку пари

12 јануари, 20180
lucy-williams

Сите немаме стандард како познатите ѕвезди, но тоа не значи дека не треба секогаш да изгледаме средено. Еве неколку правила парчиња кои треба да ги поседувате за таа намена.

Инвестирајте во клучно парче во гардеробата – обично велат – подобро едно добро парче, отколку илјада лоши. Затоа долгиот капут со карнер е пример за подобра инвестиција од три полиестерски јакнички со долги ланци. Сепак, ако можеш да си дозволиш дополнително и уште еден шарен капут и бунда, никој нема да те осуди. Исто така и пар фармерки кои ви стојат одлично, краток црн фустан и градник кој ве прави да изгледате подобро се први на листата.

Image result for girl boss jacket

Убаво сако или јакна прават чуда – тука не мислиме на зимска јакна, туку на тенките јакнички и сакоа кои можат да ја дополнат совршено дневаната комбинација. Важно е да ви одговара на фигурата, да се нагласени рамената и сезонава, да има добар ремен.

Заблесакјте во посебните прилики – не мора да чекате празници за да се дотерате. Доколку имате желба, скеој момент можете да го направите момент за славење. Дали е вечера со партнерот или забава со пријателките, извадете ја свечената тоалета и чувствувајте се како на црвен тепих.

Немојте да носите бренд – да, оние Гучи ремени и нас ни одат на нерви. Има многу подобри начини да изгледаш добро, отколку како светлечка реклама за одреден бренд.

Наполнете го орманот со неутрални нијанси – беж, праска, кафена, слонова коска и сива се секогаш добар избор. И блогерките ги користат овие бои за да ги дополнат своите комбинации за да изгледаат луксузно.

Related image

Црно е секогаш добра идеја – одамна решивме дека црно од глава до пети е сосема прифатлива опција. А црната секако е бојата на зимата. Посебно ако искомбинирате повеќе висови на материјали. Затоа облечете сјајни црни панталони од вештачка кожа, топол мек џемпер, волнен капут и интересни чизми.

Чисто и испеглано – ако веќе не можете да решите што да облечете, одете со свежа варијанта.

Секогаш носете руменило – дури и кога имате неутрална шминка или само маскара, доброто руменило ќе ве спаси. Најдобро е да носите мат црвена варијанта за да го постигнете саканиот ефект.

Image result for high ponytail or a bun

Високо опавче или пунџа – најдобар трик против уморен изглед е овој тип на фризура. Тоа го отвора лицето и ги затегнува очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *