Омиленото есенско парче оваа сезона ви го носиме во ТОП 4-модели

27 септември, 20180
moda

Ова парче облека денес сите обожаваат да го носат.

Џемперот беше долго сметан за една од најобичните работи што можете да ја облечете, но откако беше пласиран од страна на Miuccia Prada и уште десетина нејзини колеги, стана еден од најпопуларните парчиња меѓу милиони купувачи.

Кога станува збор за купување на ова IT парче, клучот лежи во тоа да се одлучите за нешто поголем модел, оној кој има oversize крој и не ја следи линијата на телото.

Сепак, секогаш се пожелни кроеви кои ја следат линијата на телото и ја прават фигура уште позаводлива, но тоа сигурно не е нешто што треба да имате во предвид при изборот на џемпер.

Нашиот фаворит кога станува збор за комбинацијата е сигурно онаа во која џемперот се носи преку макси фустан кој го носевме и во текот на летото.

Секако при изборот на ова парче гардероба треба да се биде внимателен кај материјалот, бидејќи никој не го сака она чувство кога кожата ќе ја допре полиестер.Значи волната и мешавината со памук или вискоза е секогаш добра идеја.

Ви нудиме неколку најинтересни модели кои можат многу лесно да се вклопат во вашите секојдневни комбинации:

BALENCIAGA

 

ALESSANDRA RICH

VALENTINO

TWIN-SET

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *