17 септември, 2019

Радио

Со оглед на важноста која ја има појадокот не би смееле да правиме грешки, треба да ги внесеме во организмот оние супстанции кои се неопходни за да го  “избуткаме” денот. Еве неколку работи што треба да ги избегнувате.

Пецива од пекара

Ние знаеме дека тоа е најлесната варијанта наутро кога  немаме време да појадуваме дома, да “земеме” пециво од пекара. Меѓутоа, со пецивата не му правиме услуга на нашето тело. Внесуваме премногу адитиви, сол, масти и шеќер – ја нема хранливата вредност што ни е неопходна.

Овошни сокови и овошни јогурти

Без оглед на тоа што пишува на пакувањето, купените сокови се полни со шеќер и не треба да го започнуваме денот со нив. Истото важи и за овошните јогурти. Можеби тие се добро освежување наутро, но не се здраво решение. Наместо сокови и овошен јогурт како утринско освежување, земајте свежо овошје.

Калоричен појадок

Големи количини на нездрави маснотии ќе завршат во форма на масно ткиво, а нашиот организам нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна што се потребни. Ако сакате јајца за појадок, најдобро би било да ги сварите и да ги искомбинирате со двопек и чај.

Остави коментар

Почетна // живот // Појадок: 3 грешки кои ги правиме
Горе