Rosie Huntington-Whiteley и Victoria Beckham навистина се комбинација од соништата

7 декември, 2018
Capture123

Британската манекенка одлично ја носи креацијата на британската дизајнерка.

Rosie изгледа одлично во гламурозни изданија, како и во спортски изданија, а во последно време сме посебно импресионирани од минималистичките комбинации.

За ELLE Weekender во Лондон, Rosie го одбра дизајнот на обожаваната британска дизајнерка Victoria Beckham од колекцијата за претстојната пролет, а станува збор за интензивно црвени панталони со отвор во долниот дел, надополнети со топ од метална мрежа преку белата кошула, а интересно е и сакото  во сосема поинаква нијанса на црвена.

Едноставната коса и шминка совршено ја заокружија оваа брилијантна комбинација на облека.