Што треба да јадат бремените жени?

21 септември, 20180
т

Меѓу народот постои мислење дека бремените жени можат да јадат колку што сакаат и што сакаат, без да водат сметка за килограмите, од кои подоцна многу тешко се ослободуваат.

Меѓутоа, за плодот правилно да расте и да се развива, потребно е бремената жена правилно да се храни, нагласуваат нутриционистите.

Првите месеци од бременоста многу често се проследени со мачнина и повраќање, па оброците треба да бидат што помали, на пократки временски интервали. И задолжително треба да бидат задоволени енергетските потреби на плодот и мајката.

Со оглед на тоа што за својот развој плодот ги зема резервните хранливи материи од мајката, таа мора да внесе сè што е потребно. Во спротивно, бебето за својот развој ги зема материите од мајчиното ткиво, коските и забите.

Затоа, во исхраната на бремените жени во раниот стадиум се препорачуваат почести оброци, и тоа по можност на секои два часа. Пожелно е да бидат помали, без јаки мириси и зачини. Во себе треба да содржат млечни пијалаци и млечен пудинг, овошни сокови, снегулки како корнфлекс, крекери, кекс без крем. Но и тост, печурки, компир печен со кора, сушено овошје …

Задолжително треба да внесе и други хрантливи материи како што се белковините. Во првите месеци на бременоста, тие се неопходни за брзо зголемување на фетусот. Белковините се основни нутритивни материи, кои освен при недостатокот на јаглеродни хидрати и масла се користат и како извор на енергија.

Во тој смисол, најдобро е да се внесат посни меса и риба, млеко и млечни производи со низок процент на маснотии, а од јајцата белката.

Задолжително треба да се јаде свеж и сушен мешунест зеленчук, кој вклучува грав, грашок, соја и сл. Житариците и зрнестите плодови исто така треба да се најдат на нивното мени, со напомена дека сите овие намирници истовремено се богати со  железо, фосфор, јод и витамини од Б групата.

Што се однесува до јаглерохидратите, треба да јадат производи од пченкарно, јачменово и оризово брашно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *