17 септември, 2019

Радио

Иако сме при крај со летната сезона, сигурно не значи дека треба да престанеме со внесување на квалитетни нутриенти кои ќе му дадат доволно енергија на организмот за првите денови од есента.

Идеално кај разните шејкови е што се спремаат во помалку од пет минути, а може (во шејкер) да ги понесете со себе на работа, патување или пауза.

Потребни состојки:

2 големи кајсии, исецкани

сок од половина лимон

1 исецкана тиквичка

120 г грозје

2 супени лажици бадеми

1 чаша вода

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и миксајте додека не добиете еднаква смеса.

Напомена: 350 мл течности содржи: 120 калории, 7 г масти, 14 г карбохидрати, 4 г влакна, 7 г шеќер, 4 г протеини.

Остави коментар

Почетна // живот // Smoothie од кајсии, бадеми и тиквички
Горе