16 јули, 2018

Радио

Шминкањето претставува уметност на која многу жени гледаат како на магичен подарок за женскиот род.

За многу жени може да се каже и дека се мајстори во оваа уметност, бидејќи секогаш успеваат да ги потенцираат своите најдобри карактеристики и да ги прекријат своите слабости.

Но, понекогаш, дури и оние дами кои редовно употребуваат некаква козметика, не се свесни за сите тајни на убавината.

10-те најважни трикови со кои ќе станете мајстор во нанесувањето на шминка, а вашето лице, личен печат и ремек-дело:

1. Како да се грижите за вашите четки?

Квалитетните четки можат да траат цела вечност, но потребно е правилно да се грижите за нив. За да ја задржите добрата состојба на четките, важно е никогаш да не ги оставате валкани и со остатоци од козметика. Мијте ги редовно со благи шампони и оставете ги да се исушат природно на крпа.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-1.jpg

2. Не се шминкајте одново, поправете ги грешките

Нема потреба од отстранување и повторно нанесување на шминката која ви се размачкала. За да го освежите вашиот изглед, нанесете тенок слој на тоник на лицето и размачкајте го со памук, а потоа само малку нанесете камена пудра за кожата одново да изгледа како меко кадифе.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-2.jpg

3. Избегнувајте скапи препарати за ексфолирање на кожата

Не ви требаат многу пари за да ја одржите мекоста на вашата кожа, сè што ви е потребно е евтин, но ефикасен домашен препарат. Комбинирајте 4 лажици шеќер со 3 лажици маслиново масло. Пред да се туширате, нежно нанесете го препаратот на вашата кожа, а потоа отстранете го со млака вода.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-3.jpg

4. Грижете се за вашите усни

За да успеете совршено да го нанесете омилениот кармин, вашите усни треба да бидат мазни. За тоа потребен ви е домашен препарат со кој постојано ќе ги негувате вашите усни. Комбинирајте еднакви делови на кафеав шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила. Нежно масирајте ги усните со смесата, а потоа избришете ја со марамче. Сега сте подготвени за кармин.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-4.jpg

5. Никогаш не купувајте пудра која е една нијанса потемна од вашата кожа

Немате потреба од безброј пудри во несесерот. Потребна ви е една светла нијанса која потоа, ако сакате малку да ја затемните, можете да ја комбинирате со бронзер.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-5.jpg

6. Не претерувајте со камената пудра

Подобро е да завршите со нанесување на малку камена пудра, отколку постојано во текот на шминкањето да ја нанесувате за да избегнете изглед како восочна фигура.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-6.jpg

7. Како карминот да ви трае подолго?

За да не морате постојано да го нанесувате карминот, ставете малку пудра на марамче и истото ставете го на усните.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-7.jpg

8. Лесно можете да добиете мачкини очи

Совршени мачкини очи можете да добиете со лепење на самолеплива трака на надворешниот крај на окото во посакуваниот агол и секојпат ќе добивате права линија.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-8.jpg

9. Отстранувајте ја насобраната маскара од четката

Навртете ја четката неколку пати од марамче за да бидете сигурни дека сте го отстраниле вишокот маскара и така секојпат ќе имате совршени веѓи.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-9.jpg

11. Употребувајте вазелин за отстранување на шминката

Отстранувањето на шминката не мора да ви биде проблем. Нанесете мал слој на вазелин на памук и држете го памукот на вашето лице, а потоа измијте го со млака вода. Вака можете да ги отстраните и најтврдокорните водоотпорни козметички препарати.

10-trikovi-so-koi-kje-stanete-majstor-vo-shminkanjeto-10.jpg

Остави коментар

Почетна // живот // убавина // 10 трикови со кои ќе станете мајстор во шминкањето
Горе