Бронзен тен – без сонце и солариум

4 мај, 2018
5

Додека не дојде времето за плажа, а вие не сакате да одите на солариум, има едно решение за тоа како да постигнете убав бронзен тен. Верувале или не тоа можете да го направите во домашни услови, многу лесно и ќе ве чини многу помалку за разлика од другите методи.

А еве ја и рецептата:

Потребни ви се 4 кесички црн чај, 2 чаши вода и шишенце за прскање или пак сунѓер. Чајот се приготвува како и обично, но кесичките треба да стојат во водата 15 минути. Вие претходно треба да се избањате и да не нанесувате ништо друго на кожата. Откако ќе се исушите, со помош на сунѓерот или шишенце нанесете од чајот по целото тело. Потоа треба да почекате додека чајот наполно се упие во кожата и исуши.

Вашиот нов тен ќе издржи 3-4 дена, но пак се постигнува брзо и ефтино, па затоа без проблем можете да ја повторите процедурата кога ќе треба. Меѓу другото не е штетно за кожата!

Ако сакате бојата да биде поинтензивна, сипете малку кокосово брашно во шишенцето со чајот.