Четири правила за црвениот кармин

15 мај, 20180
1

Црвениот кармин за усни е апсолутна класика и задолжителен за секоја жена без оглед на нејзините години или на личниот стил. Овој кармин е прекрасен избор бидејќи може да направи да изгледате елегантно и гламурозно во секоја пригода, а со оглед на тоа што постои во многубројни нијанси, добро им прилега на сите. 

Сепак, единствен недостаток на црвениот кармин е тоа што не се дозволени грешки и неговото нанесување може да биде потешко. Ако сакате да избегнете катастрофа, придржувајте се до овие едноставни правила.

1. За црвениот кармин да не ви премине надвор од границите на усните, околу нив нанесете слој коректор. Потоа исцртајте ги краевите на усните со моливче за усни. При изборот на моливче, внимавајте тоа да биде во иста нијанса со карминот или со вашата природна боја на усни, за да немате различни бои на усните. Потоа нанесете го карминот со четкичка.

2. Често црвениот кармин може да биде причина за вистинска катастрофа – кога ќе се преслика на забите. За да го избегнете тоа, откако ќе го нанесете карминот, ставете го прстот меѓу усните, лесно затворете ги и извлечете го прстот. На тој начин ќе го извадите вишокот кармин од усните, а при тоа нема да ја расипете шминката.

3. За дневна варијанта, кога светлината е поголема, изберете посветла и поприродна црвена, а за вечерните излегувања одличен избор се поинтензивните нијанси што дополнително ќе ги истакнат усните. Ако немате полни усни, избегнувајте ги темноцрвените нијанси, бидејќи можат визуелно да ги направат уште потенки.

4. Што се однесува до останатиот дел од шминката, внимавајте таа да биде минимална и поедноставна. Иако црвениот кармин прекрасно прилега со истакнати очи, најдобро е тие комбинации да ги оставите за свечените случувања и вечерните излегувања, бидејќи во спротивно ризикувате да изгледате пренагласено. Ако сакате да му дадете нота на топлина на карминот, преку него нанесете слој златен сјај за усни. Ако сакате драматичен и ладен изглед, врз него нанесете розов сјај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi