20 септември, 2018

Радио

Прашуваме дали има смисла да се претставуваме поубави на човекот од кој очекуваме да не прифати и сака какви што сме.

Свесно или несвесно на почетокот на врската сме спремни да се прикажеме на начин на кој би му се допаднале на нашиот нов партнер. Таквиот начин на однесување всушност започнува и пред да ја започнеме врската.

Нашата потреба да им се допаднеме на другите е сосема природна. Но се поставува прашањето зошто да се дотеруваме и преправаме дека сме поубави отколку што сме пред лице што очекуваме да нè сака и прифати токму онака какви што сме.

Иако објавите на социјалните мрежи со хаштаг #nomakeup и #nofilter се лајкувани, а францускиот изглед без шминка е во мода, се поставува прашањето дали сме сепак подготвени да останеме “соголени” без шминка пред личноста која што сакаме да ја импресионираме.

Некои не многу научни истражувања покажуваат дека на тоа се спремни девојките кои вообичаено не носат многу шминка, и дека резултатот на успешност на состанокот, всушност, нема врска со количината на шминка што ја носиме на себе.

View this post on Instagram

Today was a day for no make-up and natural curls!

A post shared by Olga Kurylenko (@olgakurylenkoofficial) on

 

Остави коментар

Почетна // живот // Дали би отишле ненашминкани на првиот состанок?
Горе