Дали правилно ја сушите косата со фен?
7 јуни, 20180
Феновите само по себе не се толку страшни за косата (особено ако се со керамички дифузер, кој го скратува времето на фенирање). Но ако ги комбинирате високата температура, триењето со четката и осетливата мокра коса, тогаш проблемот е многу посериозен.
Пред сè, пред да ја сушите косата нанесете заштитен спреј од топлина на секој прамен. Наместете го фенот на ниска или на средна температура и оддалечете го околу 15 см од косата. И не ја употребувајте четката додека косата не е барем 80% сува.