Едноставен трик за подолго траење на лакот за нокти

20 септември, 20180
н

Сонот на секоја жена е лакот што ќе го нанесе во недела да издржи барем до викендот. Со неколку трикови тоа е сосема возможно.

Најважно е да се подготват ноктите, да се исполира нивната површина, што ќе обезбеди и трајност на лакот. Сепак, треба да земете средно груба турпија за да не извадите премногу нокт. Неколку минути потоа ставете ги ноктите во жешка вода за да се омекне кожата околу ноктите, за да го потиснете нејзиниот вишок подоцна.

Немојте да ја сечете бидејќи кожата го заштитува ноктот од инфекции.

На ноктите ставете основен лак кој ноктот го заштитува од бојата на лакот што подоцна ќе го нанесете, а можете да ставите и безбоен лак.

Ноктите лакирајте ги полека. Почнете со линија на средината на ноктот и продолжете на левата и десната страна. Задолжително оставете милиметар простор од површината на кожата до почетокот на лакот, почекајте лакот добро да се исуши и нанесете уште еден слој безбоен лак.

Токму овој слој на добро подготвен нокт и внимателно нанесен лак ќе ви обезбеди поголема долготрајност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *