Ефикасно и ЗАСЕКОГАШ отстренете ги влакната од лицето

13 јуни, 20180
4

Многу жени имаат проблеми со влакна на лицето, без разлика дали станува збор за надусници, околу вилицата, влакната на брадата и сл. Проблемот станува поголем откако овие влакненца ќе се отстранат, а потоа останува само оток и црвенило. Што е најлошо од сите, влакната секогаш се враќаат, но постои едно сосема природно решение, кое жените од Блискиот Исток го користат со векови. Потребно ви е куркума (една лажичка) од мелен наут (две супени лажици) и малку млеко или јогурт.

Куркумата длабински ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и други нечистотии од површината на кожата, ја стимулира работата на лимфните жлезди и циркулацијата на крвта, а поради нејзините анти-воспалителни ефекти, ги намалува акните, го зголемува сјајот и природната pH на кожата. Куркума може да се најде во супермаркет или продавница за здрава храна и брашно од наут, можете да го направите сами или да го купите во продавница за здрава храна. Се применува на саканата зона во насока на растот на влакната и се остава околу 20 минути, или додека да се исуши. Се бриши со чиста памучна крпа или четка натопена во млака вода.

Забелешки: Поради жолтата боја на куркумата, по третманот, потребно е внимателно да го измиете лицето. Третираната површина може да биде малку црвена, но ќе исчезне брзо поради анти-воспалителни својства на куркумата. Овој третман треба да се повтори 3-4 пати неделно во период од еден месец, а резултатот е феноменален – влакната ќе се изретчуваат, ќе осветлуваат,а на крајот ќе исчезнат засекогаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *