Glitter катче за најблескавиот beauty момент

17 декември, 2018
glitter

Непишано правило е дека со светките треба да се постапува внимателно, бидејќи само малку повеќе може да предизвикаат контраефект.

Истото важи и кога станува збор за козметичките производи со светки, па затоа прво размислете кој дел од телото сакате да го потенцирате. Бидејќи многу од светкавите препарати се наменети  за лице или тело, одбирајте според овие карактеристики.

Потоа размислете за бојата на шминката и облеката. Златните светки подобро им прилегаат на личности со потемен тен, а производите со сребрени светки на посветол тен и поладни тонови на облека. Покрај тоа, правилно е прво да нанесете комплетна шминка, а потоа само светките. Доколку сакате да го истакнете лицето, тогаш на вашата рака ставете многу мала количина на светки, натапкајте околу очите, во многу тенка линија – веднаш над врвот на трепките или на надворешните рабови на очите.

Ова се нашите ТОП 10 производи за кои ние ви гарантираме дека ќе ви помогнат, овие празници да светкате како вистинска ѕвезда!