Juicy Couture пласира make up линија
5 октомври, 20180
Многу популарниот бренд кој трендсетерките обожаваа да го носат на почетокот на двеилјадитите очигледно се одлучи за нови деловни насоки. Дури 12 години по лансирањето на нивниот прв парфем, одлучија да се прошират во областа на убавината и да создадат линија на декоративна козметика.
Juicy Couture брендот за парфеми сè уште добро се котира на пазарот , но што се однесува до облеката, ова беше бурен период. Во 2014 година ги затворија сите продавници во Америка, но во меѓувреме развија успешна соработка со Topshop, Bloomingdales и Urban Outfitters.
Исто така, се обидоа да го оддржат брендот во живот со соработката со Ким Кардашијан и Кајли Џенер.