Како секогаш да имате супер фризура?

3 август, 20180
ko

На овој начин можете да и додадете волумен на тенкта коса и да ја “скротите” густата, бујна коса.

Дамите кои имаат тенка коса најмногу ги мачи тоа што нивната коса многу брзо се масти, постојано мора повторно да ја врзуваат опашката, бидејќи е тенка и косата испаѓа, а најчесто имаат проблем и со виткањето на косата поради тоа што кадриците се исправуваат брзо.

Од друга страна, оние со бујна, густа коса, ги имаат овие проблеми: секогаш треба да купуваат и балзам за да се обидат да ја скротат косата, шнолите и чешлите често пукаат поради силната и густа коса, на нив им е потребна повеќе од една фарба за косата, им треба доволно време да се исуши косата и влакната се “расфрлани” насекаде околу куќата.

Еве како да ги решите овие проблеми.

Тенка коса

Ако вашата коса се исправува, без оглед на тоа што сте потрошиле часови виткајки ја, пробајте пред виткањето да испрскате вода помешана со морска сол.

Исто така, ако косата ја сушите од долу, ќе изгледа побујно.

Она што не треба никако да правите е да нанесувате премногу балзам на вашата коса, бидејќи ќе изгледа залепена. Фризерите велат дека што пократка коса, исто така, придонесува кон зголемување на волуменот, и препорачуваат и степенести фризури кои ќе ја направат вашата коса да изгледа погуста визуелно.

Никако не треба да ги испеглате краевите на косата, бидејки ќе изгледа заслепена, а балзам нанесувајте само на краевите на косата.

Густа коса

За жените кои имаат бујна, густа коса, балсамот е најдобар пријател. Исто така, обидете се да не ја миете косата премногу често затоа што ќе се оштети со сушење, па ќе изгледа дури и погусто.

Ако имате густа коса, негувајте ја да порасне, со цел тежина на влакната да ја влечат косата надолу, така што ќе изгледа малку потенка. Исто така, стилистите советуваат да ја скратите косата степенесто, бидејќи косата на тој начин ќе изгледа посредена, помалку “бушава”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi