Киселото млеко го остранува првутот

31 мај, 2018
4

Ако не сакате да ги употребувате производите за коса полни со хемикалии и сакате да земете најдобри природни производи во борба против првутот, ви предлагаме неколку домашни лекови кои сигурно даваат одлични резултати.
1.Потопете преку ноќ малку зрна од пченка. Наутро сомелете го во паста, користејќи малку вода во која сте ги држеле зрната преку ноќ. Нанесете ја пастата на кожата на главата и оставете да делува околу пола час. Измијте ја косата темелно за да бидете сигурни дека нема остаток од паста.

2. Кисело млеко прави чуда за отстранување на првут. Нанесете го на кожата на глава и држете околу 15 минути пред перење.

3.Лажичка свеж сок од лимон во последната вода со која ќе ја измивате косата, после перење е добар лек за првут, предизвикан од мрсната кожа на темето. Тој  исто така помага при отстранување на лепливоста. Може да пробате со овој третман еднаш неделно.

4. Сварете цвекло во вода. Масирајте ја со таа вода кожата на глава секоја вечер пред спиење. Ако можете, користете и бела репа, поради тоа што црвените видови прават дамки на перницата.

6. Корисно е и да помешате јаболков оцет и вода во еднакви размери и да го нанесете со памукче.

Испробајте ги овие народни лекови и ќе забележите разлика во кратко време.