Коцка мраз за совршен make up!

14 декември, 20180
hhh

Овој едноставен трик ќе ви помогне да ги намалите порите на вашето лице и ќе ви служи како достојна замена за прајмерот.

На пример, основата или подлогата за лице стана неизбежен чекор помеѓу производите за нега и make up. Но, ако случајно го немате при рака, не очајувајте! Постои одлична замена и се наоѓа во вашиот замрзнувач. Станува збор за коцка мраз која ќе ја направи вашата кожа мека и нежна, совршено подготвена за шминка.

Блогерката за убавина, Hatice Schmidt, тврди дека со триење на мразот на вашето лице, порите ќе се намалат од студот. Ова значи дека вашата кожа природно ќе се затегне, ќе се подмлади и за момент ќе биде подготвена за шминка.

Кога го користите овој трик, бидете сигурни дека вашите раце и садот во кој се наоѓа мразот се чисти. Не го бришете лицето откако мразот ќе се стопи. Оставете го да се исуши природно. Покрај овој пример, мразот може да се користи и за отстранување на болка и црвенило предизвикано од мозолчиња, како и за отечени подочници. Доволно е да ја држите коцката мраз околу десет минути на проблематичното место т.е. да ја завиткате во нешто платено и да ја оставите на подочниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *