Make-up совети: Најефективна шминка за русокоси, бринети и црвенокоси

26 октомври, 20180
sminki

Не е секогаш лесно да се погоди она што е најдобро за вас, па затоа пробајте една од овие веќе проверени комбинации …Понекогаш шминкањето е навистина тешка задача, без разлика колку и да ви се чини дека може набрзина да се направи, тоа не е така. Полесно е ако знаете како треба тоа да го направите и како да ги вклопите нијансите.

Вака би требало да се шминкаат девојките кои сакаат шминката да им одговара на бојата на косата:

  1. За бринети

Доколку сакате да ја вклопите кафеавата коса и неутралната шминка, почнете постепено. Не ставајте кафеаво руменило на образите, пробајте некое со розев тон што ќе ѝ даде свеж сјај на вашата кожа. Кога станува збор за очите, комбинирајте различни кафеави сенки и нанесете потемна боја по работ на капакот.

  1. За русокоси

Бронзените тонови им стојат одлично на русокосите девојки. Спротивно на широко распространетото мислење, бронзерот не е наменет само за во лето, нанесете пригушен бронзен тен на образите и за време на постудените денови.

  1. За црвенокоси

За Црвенокосите девојки изборот на шминка е тешка задача. Наместо стандардната розева и црна боја, попрво одлучете се за пригушени тонови. Розев и црвен кармин на усните со кафеав подтон ќе изгледаат подобро отколку само розев или црвен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi