Маска со лимон за затегната кожа

16 март, 20180
8

Како што е многу добро познато, лимонот има својство да ја затега кожата, а освен тоа витаминот Ц кој го има во доволни количини има функција на антиоксидант и е идеален за грижа на кожата.

За приготвување на оваа маска потребно ви е една свежа краставица, две лажици лимонов сок, и една добро избиена белка од јајце. Краставицата најпрво се лупи и потоа се обработува во соковник или пак блендер додека не стане полутечна. Потоа се цеди со газа. Добиениот сок од краставица се меша со сокот од лимон. Додадете ја белката и мешајте внимателно. Оставете да делува на лицето 15 минути, после што се измива со млака вода. Освен тоа што ја затега кожата, оваа маска поседува и лифтинг ефект и идеално го изедначува тенот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *