Мед – мелем за лице и тело

22 февруари, 20180
5

Медот изобилува со шеќери, минерали, ензими и витамини (Б1, Б2, Б6 и Ц). Има благо антибактериско дејство и е идеален за чувствителната кожа на главата и кожа склона кон првут и акни.

Цитрусното овошје го чисти и освежува лицето, ја прави косата сјајна и свилна, а телото го затегнува и го ослободува од масните наслаги. Кога ќе се помешаат мед и ломон, се добиваат фантастични маски за нега.

Тоник за чистење на лице – Измешајт 100мл. слатка павлака, лажичка сок од лимон и лажичка мед. Мешавината нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Оставете ја да делува пет минути, а потоа измијте ја со млака вода.

Сладок балзам за испукани усни – Медот е идеален лек за испукани усни. Намачкајте ги со мед, оставете ги пет минути, па излижете го. Белковините и витамините ќе продрат под тенката кожа на усните и ќе ги омекнат.

Маска за смалување на пори – Измешајте три лажии јогурт и сок од половина лимон. Нанесте на челото, носот и брадата, како и на делови со проширени пори. Оставете го околу 30 минути да делува, па измијте се со млака вода. Така ќе ги чистите и намалите порите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi