Најдобри фризури со средна должина за секој облик на лицето

29 август, 20180
к1

Значи сакате фризура која не е кратка, но сепак не е ни премногу долга?

Верувале или не, можете да го добиете она што го сакате. Изразот за фризура “средна должина” – онаа што е под брадата, но не и подалеку од клучната коска – е можеби најраспространетата од сите нив. Можете да ја соберете косата нагоре без да ви биде премногу тешка и да ви задава главоболка, но исто така имате простор да создадете многубројни различни изгледи.Бонус: Оваа должина му прилега добро на секого. За да ви помогнеме да го прилагодите вашиот нов стил, разговаравме со стилист и ги научивме некои од најдобрите опции за кои бевме инспирирани од различните форми на лице на славните личности.

За лице со облик на срце

Сега е вашето време да превземете иницијатива и да направите шишки. “Најдобрата фризура со средна должина за облик на лице во форма на срце би била да имате многу слоеви на коса или странични шишки”, вели Нејт Бова, фризерка за славни личности во салонот Ворен Трикоми во Њујорк. Варијацијата во должината помага да се создаде баланс во однос на долната половина на лицето. Погледнете ја славната личност како Кери Вашингтон за инспирација.

За лице со овална форма

Бова има неколку опции за оваа особена форма, бидејќи може да надополни многу различни изгледи. Нашиот предлог? Одете за тап пресек во супер прав стил како Ким Кардашијан.

За лица со тркалезна форма

Бова вели дека слоевите и брановите може да имаат контурен ефект врз заоблените форми на лице, привлекувајќи внимание на јаболчниците. Тој, исто така, споменува дека шишките навистина одговараат на овој облик на лицето, со што се привекува внимание на очите и веѓите. Фризурата на Криси Тејген се одликува и со раб и со суптилни, каскадни слоеви.

За лица со форма на квадрат

“Најдобрата фризура со средна должина за некој со форма на квадратно лице е фризурата со една должина”, вели Бова. “Носен прав или брановиден, овој изглед ќе ја надополни вашата структура на коските”. Земете ја оваа слика на Оливија Вајлд во салонот како ваша инспирација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *