Направете шампон и маска за обновување на косата

9 август, 20180
14

Сонцето може да ја оштети косата, па затоа во лето и е потребна посебна нега. Природните производи кои сами можете да ги направите најдобро ќе помогнат за обновување на вашата коса.

Домашен шампон за појака коса

Потребни ви се:

  • 1 литар обичен шампон од коприва
  • 1 АД капки (воден раствор)
  • 1 пантенол
  • Неколку ампули витамин Б
  • 2 до 3 лажици рицинусово масло

Подготовката е едноставна: измешајте сè, изматете и шампонот е подготвен за употреба.

Маска од жолчка и мед

Потребни ви се:

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица мед

Измешајте ги жолчката и медот, па смесата намачкајте ја по целата должина на косата. Потоа замотајте ја косата со крпа и држете ја така околу 20 минути. Добро исплакнете ја косата со млака вода.

Маска од банани

  • Потребни ви се:
  • 1 банана
  • 2 лажици алое вера гел
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица маслиново масло

Бананата испасирајте ја и измешајте со алое вера гелот, сокот од лимон и маслиновото масло. Кога ќе добиете мазна смеса, нанесете ја на косата и држете ја половина час. Потоа добро исплакнете ја и оставете да се исуши природно, без фенирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *