Ниту Лејди Гага не му одолеа на овој тренд!

26 декември, 2018
гага

Сега сме дефинитивно сигурни дека оваа боја е апсолутен хит за 2019. година.

Откако минатиот месец, Кајли Џенер, Клои Кардашијан и Бела Хадид одлучија да ја сменат бојата на косата во платинеста розеникава нијанса, сега очигледно на овој тренд не му одолеа ниту Лејди Гага.

Нејзиниот вереник Кристијан Карино ја фотографирал за неговиот Instagram, а на фотографијата, Гага, наместо нејзината препознатлива руса коса, сега има нежна розеникава нијанса, која за многу кратко време заработи скоро 20.000 лајкови.

Инаку, розеникавата боја за коса е моментално најпопуларната нијанса на Pinterest, која е најавена како најголемиот хит за 2019. година, за чија популарност сигурно придонесоа и споменатите млади дами.

View this post on Instagram

fountain of kindness.

A post shared by @ christiancarino on