16 јули, 2019

Радио

Карминот за усни Nutella е идеална комбинација за сите љубители на шминката. Станува збор за кармини произведени од страна на брендот Beauty Bakerie.

Новите кармини се претставени под името Nude-tella. Постојат четири различни нијанси, кои имаат четири различни имиња: Nudi-Tea, Skinny Dip, Birthday Suit и Bake it Naked.

Сите кармини имаат неутрални нијанси и поседуваат мат-текстура, а што е најважно, сите мирисаат како вкусната и неодолива Nutella.

Кармините се водоотпорни, долготрајни, не содржат парабени и глутен, а се одлични и за вегани. На фотографиите можете да забележите дека тие навистина изгледаат одлично, а секоја жена со сигурност ќе го обожува нивниот мирис.

Основачот на брендот Кашмер Никол имала за цел да направи кармини кои се идеални за жените со темен тен.

nutela222

Како црна жена, знам колку е тешко да се пронајде совршениот неутрален кармин. Нијансите кои се класифицираат како бојата на вашите усни не им прилегаат на сите жени, посебно на оние чии усни се природно обоени со интересна мешавина на розoва и кафена боја, вели Никол.

nutela2220

Остави коментар

Почетна // живот // убавина // Нутела кармин за усни-ново во козметичката индустрија!
Горе