Потемна кожа – потемни усни!

8 јуни, 20180
3

Размислувале ли сте дека кога избирате кармин треба да го изберете според бојата на кожата, а не според тоа која боја кармин прво фаќа око во продавницата? Има толку различни нијанси на кармини и изборот секогаш е доста тежок.

Правилно избраниот кармин ги прави усните секси, сочни и големи.

Обично една дама ја избира бојата на карминот според дадениот повод и облеката. Но бојата на кожата игра исклучително важна улога во изборот на кармин.

Јас сум со светла коса, светли очи и светла кожа и секогаш се насочувам кон телесни или розови нијанси, но тоа што на мене ми се допаѓаат не значи дека ми стојат добро …

Денес ќе се обрнеме внимание на дамите со потемна кожа. Тие треба повнимателно да ја избираат бојата на карминот.

Неутралните бои на пример можат да го помрачат целото нивно лице и да го уништат и внимателно избраниот фустан.


Бринетите и жените со потемна кожа е подобро да се потпрат на следниве бои:

Во принцип, темно црвена и светлите тонови прават да изгледате повозрасни и се погодни претежно за вечерна шминка или за позрели жени.

Чоколадо: Ако сакате да постигнете темен и вечерен изглед на лицето, нанесете какао боја или темно чоколадо. Дури светло кафеава може да се вклопи добро на темната кожа на една жена.

Грозје: грозје боја на карминот ќе додаде сексапил на вашето лице. Можете да користите кармин или сјај за усни во оваа боја. Особено погоден за коктели и вечерни забави!



Класично црвено: Се разбира, оваа боја најдобро го надополнува вечерниот фустан. Но вработените жени исто така можат да го користат во комбинација со блуза во светла нијанса. Вино и темното црвено исто така се погодни бои.

Бургунд: Заситени вино нијанси се идеални за храбрите дами.

Портокаловите и корални нијанси ќе дадат свеж и младешки изглед на жените со потемна кожа. Тие треба да избегнуваат млечни или бои со многу бело, бидејќи контрастот со темната кожа, ќе биде доста поизразен.

Сакате да бидете убава и неодолива?

Тогаш мора да внимавате каква шминка ставате на своето лице, но таа мора да е комбинирана со правилна боја кармин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *