Проблеми со кутикули? Еве како ќе го спречите нивното појавување

22 октомври, 20180
0

Рацете како и лицето, се најизложените делови од телото, па затоа е многу важно да им се посвети доволно внимание и грижа. Сигурно барем еднаш сте се сретнале со појавата на кутикули, воспалителен процес на коренот на ноктите кој предизвикува оток, црвенило и крварење, а се појавува кога ноктот расте многу побрзо од кожичките околу него. Ова води кон истегнување и напукнување на кожата и создавање на болни рани кои треба внимателно да се третираат за да не се инфицираат и да предизвикаат уште поголемо воспаление. Со цел да се избегне појавата на овој прилично непријатен проблем, подолу ќе ви претставиме неколку совети до кои ќе треба да се придржувате:

  1. Миење на раце со топла вода и силен сапун

Честото миење на раце е пожелно, но не и со топла вода. Всушност, високата температура на водата доведува до сушење на кожата, односно до пукање на кожата околу ноктите и создавање на кутикули. Затоа, кога ги миете рацете, осигурете се водата да биде млака и не употребувајте силни сапуни, туку користете ги само оние кои се pH неутрални.

  1. Употреба на соодветни препарати

Со цел да се спречи формирањето на кутикулите, кожата околу ноктите треба секојдневно да се премачкува со хранлива крема и по потреба со хранливи масла. Ова ќе придонесе кожата да биде доволно хидрирана во тој предел. Дерматолозите препорачуваат употреба на кокосово масло, како и витамин Е кој ќе ја подобри еластичноста на кожата.

  1. Потиснување на кожичката

За да ги направите вашите нокти да изгледаат поубаво, не треба да ја сечете кожичката, туку лесно да ја потиснете и избуткате со соодветна “алатка”. Покрај тоа, задолжително избегнувајте да ги сечете веќе формираните кутикули бидејќи ова може да доведе до појава на инфекции и иритација и со тоа да се отвори простор за различни бактерии.

  1. Агресивен маникир

Честото одење на маникир неретко завршува со проблеми како воспаление на кутикулите поради агресивниот пристап кон кожата околу ноктите. За да го избегнете ова, пред почетокот на третманот напоменете и на козметичарката нежно да ја истурка кожата и внимателно да пристапи кон негата на вашите нокти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *