Решете го проблемот со ‘кеси’ под очите

19 февруари, 20180
8

Ако вашите очи наутро изгледаат како две мали крофни, потребно е да знаете темните кругови околу очите и потеченоста може да бидат симптоми или манифестација на алергија, замор, исцрпеност, болест на бубрезите, знак на стареење. Ниту преспиените ноќи не го решаваат овој проблем. За да се изборите успешно, користете чаеви, краставици, компири, магдонос…

Стресот и плачењето повеќе ги истакнуваат ‘кесите’ под очи, а оваа појава може да биде и наследна. Без разлика што е причината, постојат сигурни начини да ги ”вратите” очите во нормала.

Сон
Избегнувајте касно да легнувате и спијте најмалку 8 часа дневно. Спиењето не е здраво само за очите туку и за целото тело.

Жалфија
Правете облоги од чај од жалфија (хладни и топли). Една лажица од лист од жалфија прелијте ја со пола чаша врела вода. Оставете го поклопено 10-15 минути, процедете, половина оладете, другата половина подгрејте ја. На капки неизменично ставајте облоги натопени прво со топол, па со ладен чај. Овој третман направете го пред спиење.

Избегнувајте пушење и користење на сол. Ќе го избегнете отекувањето не само на очите, туку и на другите делови од телото.

Магдонос
Кај отечените капаци и ‘кесите’ под очи се препорачуваат облоги од лист од магдонос. Листовите исецкајте ги и ставете на капаците, покријте со влажно памукче. Држете така 15 минути. Помага и смеса од 2 лажици кисела павлака и 1 лажица згмечени листови од магдонос. Ставете ја маската да стои на лице 20-30 минути, тргнете ја со ладна вода.

Компир
Сварете го компирот со се лушпата. Кога ќе биде топол пресечете го и ставете на очите 30-40 минути. Маската ги смалува отоците под очите.

Краставица
Краставиците се многу ефикасни, многу подобри од било која крема. Исечете ги на кругови и држете во фрижидер. Нека стојат на очите не повеќе од 15 минути, најмалку еднаш дневно, идеално би било секое утро. Како алтернатива би можеле да се послужите со оладени јагоди и очистени јаболка.

Вода
Пијте многу вода. Не само осум часа дневно, туку онолку често колку што можете. Водата во голема мера ја подобрува циркулацијата во крвта, што е здраво и за очите.

Лед
Ледена терапија ја смалува надуеноста. Земете неколку коцки лед, замотајте ги во крпа и ставете на очи. Држете 10-15 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi