Само една состојка за блескава кожа!

11 јули, 20180
10

Последниве неколку години сите тајни за убавина кои постојат илјадници години во Азиските земји, станаат тренд и на западот. Конечно ќе можеме да употребиме нешта од кујната и на сосема природен начин да добиеме врвни резултати на нашата кожа.  

Без сомнеж, 2017 беше година на кокосовото масло, но се чини дека 2018та ќе биде година на куркумата. Овој портокалов прав која вообичаено се користи како зачин (иако кај нас не е широко распространет) делува како антиоксидант, антисептик и против воспаленија, а освен во кујната прави чуда и за телото. Неговата делотворност е толку голема, што невестите од Индија утрото на венчавката го покриваат целото тело во паста направена од куркума, за вечерта да блескаат неспоредливо повеќе од другите. Па кој не би сакал да изгледа убаво како индиска невеста?

Следните 6 рецепти со куркума ќе направат да зрачите со здравје и убавина.

Паста од куркума и мед 

Измешајте куркума во прав со мед и користете ја пастата како маска за лице, која ќе ја направи вашата кожа мазна како бебешко газе. Oваа комбинацијата е одлична за кожа склона на неправилности, изгорена кожа и слично. Но и ако имате нормална кожа добро ќе ви дојде. Маската нанесете ја на убаво исчистена кожа, оставете ја 15тина минути, а потоа темелно измијте го лицето со млака вода.

Истата маска можете да ја направите и со додавање на малку млеко или јогурт. А доколку имате многу чувствителна кожа, тогаш направете маска само со куркума и малку вода.

Бања со куркума

Запалете неколку свеќи, наполнете ја кадата со топла вода и додадете половина шолја куркума во прав. Киснете се 15 до 20 минути. Оваа бања можеби ќе ја обои вашата када жолта, па ќе мора потоа малку да ја рибате, но верувајте вреди. Кожата на вашето тело ќе биде преродена.

Маска со куркума и авокадо 

Оваа маска е одлична за хидратација и подмладување на кожата. Излупете и испасирајте едно авокадо, додадете 1/2 лажичка куркума и 1 лажица јогурт. Убаво измешајте ја пастата, нанесете ја кожата и оставете да одстои 5 до 10 минути, дозволувајќи и да почне да се суши. За авокадото веќе знаете дека е одлично за вашата кожа, а кога на тоа ќе додадете и куркума, добивате витаминска бобма за вашата кожа.

Маска со кокосово масло и куркума 

За мрсна кожа, пак, се препорачува маската со куркума и кокосово масло. Додадете половина лажиче куркума во кокосово масло, убаво измешајте, нанесете ја маската на кожата и оставете да одстои барем 10 минути. Потоа темелно исплакнете го лицето. Кокосовото масло е едно од најдобрите за хидратација на кожата, а во комбинација со куркумата ќе ви помогне во борбата против здодевните акни и масна кожа.

Маска за коса со куркума и маслиново масло

Додадете куркума во маслиново масло, нанесете ја мешавината на темето на косата и нежно масирајте. Оставете ја да одстои 20тина минути и исплакнете ја косата со шампон. Оваа маска ќе ја направи вашата коса здрава, а воедно е одличен начин за борба против проблемите со скалпот, како што е перутот.

Златно млеко со куркума 

За здравствените придобивки на златното млеко веќе имаме пишувано, но не е лошо да се потсетиме. Неговиот вкус е одличен, а се верува дека помага за се од подобрување на варењето до проблеми со акни. Рецептите варираат, но воглавно состојките се слични, а меѓу нив најважна е куркумата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *