Трикот е повеќе од едноставен!

10 декември, 20180
фејк

На пазарот се почесто се појавуваат копии на оргиналните парфеми кои ги мамат потрошувачите, а еве како да препознаете.

Ние не сме ни свесни, какви последици може да остават лажните парфеми на нас. Покрај тоа што сте измамени, а со тоа и вознемирани, може да предизвикаат различни алергии, главоболки и слично.

Ние ви претставуваме неколку трикови кои ќе ви помогнат да проверите дали купувате оригинален или лажен парфем.

Автентичните парфеми се во фолија која е еднакво и прецизно завиткана околу парфемот.

Покрај тоа, кодот подолу се користи за идентификација. Вистинското пакување е направено од квалитетен картон кој служи за заштита на шишето од било какво оштетување.

Затоа постои специјално дизајниран простор во кутијата што се прилагодува на обликот на шишето. Исто така, картонот треба да биде во бела боја, а не сива. Би требало да го проверите шишето на парфемот пред да го купите.

Иако лажните се невообичаено слични со вистинските, сепак може да се забележи разликата. Еве совет: Најдете слика од оригиналот на Интернет и внимателно проверете дали постои разлика. Познатите брендови вообичаено не користат премногу боја во нивните производи. Затоа бојата на автентичниот парфем е лесно избледена. Ако течноста е во видлива боја, тоа е добар знак дека парфемот не е оргинал. Капачето на оригиналниот парфем треба да биде совршено симетрично, што многу често не е случај кај лажните.

Секако, може да има исклучок ако дизајнерот си поиграл и направил необичен изглед на парфемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *