14 декември, 2018

Радио

Во мода се панталони во кои вашите нозе ќе изгледаат потенки и подолги!

Новата модна сезона донесува нови трендови и тешко е да ги пратите сите.

Но еден дефинитивно не би требало да ви избега, бидејќи е многу романтичен, смел и шик.

Всушност, станува збор за панталоните со прорези на долната страна од ногавиците. А, дека се работи за многу сестрано и одлично парче, покажа Викторија Бекам како со својот моден изглед, така и во својата нова колекција, која ја претстави на овогодинешната модна недела во Лондон.

Поради тактички поставениот прорез, овие панталони драстично ја издолжуваат силуетата, дури и во комбинација со рамни обувки, додека со високи потпетици ефектот е уште подобар.

Овој тренд го оживеаа и голем број познати блогери на Инстаграм, кои исто така ги обожаваат оваа сезона.

Украдете некоја од нивните модни комбинации и снабдете се и вие со еден пар од овие панталони …

View this post on Instagram

🐞

A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on

Остави коментар

Почетна // живот // Заборавете на фармерките: Овие ШИК панталони сите ќе ги носат во текот на есента!
Горе