Дали бадемите се здрави или “опасни”?

18 септември, 20180
b

Па … здрави се. И можат да бидат “опасни”. Еве како стојат работите.

Бадемите се супер, нели? Вкусни и здрави? И сосема е ОК што сте ја изеле целата кесичка синоќа, додека ја гледавте омилената серија.

Па … не е страшно, но тие вкусни залчиња лесно не “мамат”. Јадеме овошје, не јадеме чипс и тогаш лесно се отпуштаме, и уште е полесно да заборавиме дека препорачаната порција на бадеми е многу, многу мала.

“Безбедна” количина на бадеми е помеѓу 30 и 40 грама, што во најголема мера е околу 20 парчиња. Сега се сеќавате колку ги имаше во таа кесичка што ја спомнавме …

Нема причина да се казнувате сега, бидејќи бадемите се вистинско богатство што се однесува на хранливите состојки. Еве што содржат 30 грама бадеми, што се смета за разумна мерка:

30 грама бадема има: 164 калории, 6 грама протеини, 14 грама масти (од кои 1 грам на заситени), 6 грама карбо хидрати, 3,5 грама влакна, 1 грам шеќер.

Значи, ако изедете 30 грама бадеми, ќе внесете сосема поволно количество на протеини, како и 14 проценти од препорачаните дневни количества на влакна.

“Бадеми се богати со мононезаситени масни киселини, кои се добри за срцето”, објаснува за Women’s Health, д-р Грејс Дероха.

Овие мононезаситени масни киселини го намалуваат ЛДЛ -холестеролот (лош холестерол кој ги затвора артериите) и го зголемува ХДЛ-холестеролот (добар холестерол кој е важен за здравјето на срцето).

Бадеми можам да ви помогнам кога сте на диета, но мора да се грижите за количеството. Благодарение на високата содржина на протеини и масти се одличен избор за ужинка, бидејќи убаво ќе ве заситат.

Освен тоа, тие ги ублажуваат запалителните процеси во телото и ви помагаат да ја задржите телесната тежина во здрава рамка. Се додека водите сметка за количеството.

Зарем … 30 грама бадеми имаат 164 калории. Што значи дека 100 грама има околу 550 калории, односно околу четвртина од препорачаниот дневен внес. А сигурни сме дека не живееме само на бадеми, нели?

Поентата е да уживате во ова здраво овошје. Но да го броите секое залче, така ќе го извлечете најдобро од нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi