Домашни лекови за болка во грлото

13 ноември, 20180
грло

Еве кои четири работи, кои веројатно веќе ги имате дома, можат да ви помогнат да се ослободите од болката во грлото на природен начин.

Болката во грлото е можеби најиритантниот симптом кој често се јавува како резултат на настинка или грип. Поради ова не можете убаво да јадете, да спиете, ниту да зборувате.

За среќа некои домашни лекови можат да ви помогнат да се ослободите од овој проблем.

Мед

Не само што медот може да ве заслади, туку долго време се зборува за него како за домашен лек, благодарение на антибактериските својства кои го намалуваат воспалението. Покрај тоа, тенок слој од медот останува „залепен“ на грлото, со што се намалува иритацијата во текот на голтањето на храната.

Солена вода

Можеби не е „највкусната“ идеја, но гаргара со солена вода може да го ублажи отокот во грлото и да ги убие бактериите.

Измешајте половина лажичка сол во чаша вода и правете гаргара една до две минути, внимавајќи да не ја голтнете водата.

Чај од камилица

Овој чај не само што може да ви помогне да се смирите и да заспиете, туку веќе е докажано дека има анти-воспалителни својства. Антиоксидансите и другите состојки на овој чај имаат смирувачки ефект ако почнете да го пиете кога ќе ги почувствувате првите симптоми на болка во грлото.

Покрај тоа, овој чај не содржи многу кофеин, што значи дека можете да го пиете во вечерните часови без никаков проблем. Кога станува збор за воспалено грло, дефинитивно е препорачливо во вашата шолја чај од камилица да додадете малку мед.

Лимон и топла вода

Некои луѓе пијат топла лимонада или мешавина од топла вода и сок од лимон, надевајќи се дека ќе им помогне да изгубат тежина или да ја исчистат кожата. Овој пијалок, всушност, може да ви помогне да ги решите симптомите на настинка и грип. Благодарение на антибактериското и антивирусното дејство на лимонот, како и фактот дека е добар за имунолошкиот систем, ова цитрусно овошје создава кисела средина во грлото, поради што е тешко да се задржат вирусите и бактериите. Лимонот е исто така богат со витамин Ц, а студиите покажаа дека делува и превентивно против вируси и настинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi