Еве што ќе се случи со вашето тело ако јадете две банани дневно

15 јануари, 20180
3

Една студија покажа дека две банани може да ви дадат доволно енергија за до 90 минути напорни вежби. Ова е причината зошто бананите се омилените плодови на многу спортисти.

Покрај тоа, во споредба со јаболката, бананата содржи три пати повеќе фосфор, два пати повеќе јаглехидрати, пет пати повеќе витамин А и железо и четири пати повеќе протеини и два пати повеќе други витамини и минерали.

Бананите се користат како природен лек за цревни проблеми, воглавно заради мекиот состав. Тие имаат способност да ја обложат слузницата на желудникот и на тој начин да ја намалат иритацијата и киселоста.

Анемија: Поради високото ниво на железо, редовното внесување на банани може да помогне и при анемија. Железото го стимулира произвотството на крвни клетки, а со тоа се зголемува нивото на хемоглобин во крвта.

ПМС: Бананите се богат извор на витамин Б6, кој има способност да го регулира нивото на шеќерот во крвта и подобрување на вашето расположение.

Крвен притисок: Б ананата е богата со калциум и содржи малку сол, што ја прави совршена за здрав крвен притисок. Потврдено е дека бананите имаат способност да го намалат крвниот притисок и штитат од мозочен удар.

Контрола на температурата: Поради својот природен ефект на ладење, во Тајланд и во многу други култури низ светот, бананите се користат за да се намали температурата на бремените.

Горушица: Бананите се природни антациди кои можат да помогнат со горушица. Потрена е само една банана за смирување на симптомите на горушица во моментот.

Депресија: Бананите се богати со триптофан, кој се претвора во серотонин, неуротрансмитер кој помага да се опуштите, да го подобрите расположението и може да ви помогне да ја надминете депресијата. Според една студија, многу луѓе кои страдаат од депресија доживуваат значително подобрување по конзумирање на банани.

Запек: Бананите стимулираат редовно празнење на цревата и ослободуваат од опстипација поради високото ниво на влакна кое го содржат.

Мамурлук: Бананите исто така може да бидат од голема помош во случај на мамурлук, особено ако се измешаат со мед и млеко.

Каснување од комарец: Бананите се корисни и во случај на каснување од комарец. Потребно е на загрозеното место да намачкате од внатрешноста на кожата од бананата. Тоа брзо ќе го намали отокот и иритацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi