Го користела сопственото млеко за лекување на болеста: Тајната на најпознатиот СУПЕРМОДЕЛ во светот ќе им биде од корист на многу луѓе!

16 октомври, 20180
жизел

За неа мајчиното млеко е чудесно.

Жизел Бундшен својот син Бенџамин и ќерка Вивијан ги доела 20 месеци. Моделот тврди дека ова е добар начин за нејзините деца да развијат добар имунитет. Жизел за магазинот “People” изјави дека мајчиното млеко е неверојатно.

“Доколку моитe деца имаа некаков проблем, ќе им капнев малку млеко. Пред да одиме на летување, ќе го сторев истото, поточно, ќе им капнев малку млеко во  носот за да го спречам нападот на бактерии кои ги има во авионот”, вели Жизел.

По престанокот на доењето,таа сочувала залихи од замрзнатото млеко што би ги искористила во случај на болести и инфекции. Советот го добила од педијатар и вели дека тоа е најдобрата препорака која можела да ја добие од специјалист.

По доењето Жизел забележала дека нејзините гради се нееднакви  по големина. Малку несигурна поради коментарите на другите луѓе тајно вградила силикони во 2015 година, но во биографијата таа открила дека се кае.

“Мојот сопруг ми беше најголема поддршка. Ќе ми кажеше дека сум убава без оглед на се. Ова е важна лекција која што ја научив. Она што не ве убива, ве зајакнува. Би сакала да го научев тоа на друг начин”, заклучува Бундшен .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *