Имаме лоши вести за вас! Ако мислите дека една чаша вино дневно е здраво да се пие – грешите!

11 јули, 20200
в1

Акохол беше причина за 2,8 милиони смртни случаи во 2016 година

Дури и повремената употреба на алкохол е штетна за здравјето, според досега најголемото и најдеталното истражување за ефектите на консумирањето на алкохол, во кое им се укажува на владите дека би требало да го советуваат населението целосно да се воздржи.

Како што е соопштено од страна на Гардијан, ова бескомпромисно  предупредување доаѓа од авторите на студијата Глобалниот товар на болестите, еден од водечките проекти спроведен на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, кое даде најсеопфатни информации за причините за болест и смрт во светот.

Акохолот, според нивниот извештај, објавен од медицинското списание Лансет, беше причината за 2,8 милиони смртни случаи во 2016 година. Тој беше, исто така, главен фактор на ризик за предвремена смрт и инвалидитет во групата од 15 до 49 години.

Текстот предупредува дека сегашните навики за пиење може да предизвикаат “фатални последици за здравјето на населението во иднина доколку нема  дејство од политичка страна”.

Се вели дека употребата на алкохол придонесува за губење на здравјето од многу причини и го зголемува неговиот ефект во текот на животот, особено кај мажите.

Се потсетува дека повеќето национални препораки наведуваат дека една или две чаши вино или пиво дневно се корисни за здравјето.

– Нашите резултати покажуваат дека не постои безбедно ниво на консумација на алкохол – велат научниците.

Резултатите беа спроведени врз основа на истражувањето на конзумирањето на алкохол и влијанието врз здравјето во 195 земји, помеѓу 1990 и 2016 година.

Иако истражувачите открија дека малото ниво на пијалоци обезбедува одредена заштита од срцеви заболувања, а можеби и дијабетес или срцев удар, таквите бенефиции во голема мера се откажани поради негативните ефекти на алкохолот.

Пиењето алкохол е всушност главната причина за рак после 50-годишна возраст, особено кај жените, а претходните истражувања покажаа дека едно од 13-те заболувања од рак на дојка во Велика Британија е поврзано со консумирање алкохол.

Студијата исто така покажа дека 27,1 проценти од смртните случаи од рак кај жени и 18,8 проценти кај мажи над 50 се поврзани со навиките за пиење.

Во помладата генерација, алкохолот е најчеста причина за смрт поврзана со туберкулоза, сообраќајни несреќи и самоповредување.

Студијата покажа дека секој трет жител на светот, или 2,4 милијарди луѓе, пие алкохол и пие една четвртина од жените и 39 проценти од мажите.

Повеќе луѓето пијат во Данска (95,3 проценти од жените и 97,1 проценти од мажите), додека најмал број мажи пијат во Пакистан, а најмалку жени во Бангладеш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi