Изеди 5 оревчиња и почекај 4 часа-еве што ќе се случи

12 октомври, 20180
Capture 5

Според најновите истражувања, секојдневно да јадеме по неколку ореви е одличен начин да се заштитиме од болестите на срцето …Само четири часа откако сте јаделе ореви или испиле масло од орев, нивото на холестерол и флексибилноста на крвните садови се подобруваат, откриваат лекарите. Редовното конзумирање на ореви е од клучно значење за максимален ефект, велат научниците, односно ако консумирате неколку ореви или масло од орев четири дена во неделата, можете значително да го намалите ризикот од срцеви заболувања.

Сепак, ова истражување не е најстариот документиран случај во кој оревите се сметаат за супер корисни за телото. Дури и старите Римјани сметале дека оревите го подобруваат либидото. Древните Британци лечеле ментални болести, сметајќи ги оревите за добри поради нивниот изглед кој личи на мозок.

Значи, како да внесете повеќе ореви во исхраната?

Покрај очигледното- чистење и грицкање –  оревите можете да ги искористите во салати, шејкови, домашни мафини или енергетски крекери. Така, вашата храна ќе има дополнителна доза на невропротективни соединенија, вклучувајќи витамин Е, фолна киселина, мелатонин, омега-3 масна киселина и антиоксиданти.

Оревите го стимулираат производството на трипсин и химотрипсински ензими, кои се меѓу најсилните дигестивни ензими произведени од човечкото тело. Ако изедете само неколку ореви, телото дополнително ги произведува тие ензими кои потоа се апсорбираат во крвотокот и помагаат за чистење на крвниот и лимфниот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi