Лоша навика која може да биде причина за воспаление на белите дробови

12 октомври, 20180
1

Овие одвратни навики кои ги имаат децата, но и многу возрасни луѓе, можат да бидат причина за воспаление на белите дробови!

Со чепкање на носот можат да се рашират опасни бактерии кои предизвикуваат пневмонија, велат експертите.

Научниците ги советуваат родителите да се погрижат детските играчки и раце секогаш да бидат чисти, со цел да се избегне ширењето на бактериите на други лица, вклучувајќи ги и постарите роднини кои се склони на инфекции.

“Пневмококните инфекции се честа причина за смрт во целиот свет, а се проценува дека ширум целиот свет како последица од ваквите болести годишно го губат животот 1,3 милиони деца до пет годишна возраст“, изјави главниот автор на истражувањето, д-р Викторија Конор. “Старите лица или лицата со послаб имунитет, како што се оние со хронични болести, исто така се изложени на поголем ризик од овие болести”.

Д-р Конор истакнува дека знаењето во врска со пренесувањето на ваквите инфекции е слабо, поради што било направено ова истражување. “Ако разбереме подобро како се шират бактериите, подобро може да се заштитиме од пневмококните инфекции”.

Истражувачите заклучија дека бактериите можат да се пренесат од рака на нос, без оглед на тоа дали луѓето го чепкаат носот или само го тријат со дланката за да се почешаат, “Можеби не е реално да им се објасни на децата дека не треба да го чепкаат носот или да го тријат, а присуството на бактерии понекогаш може да го зајакне нивниот имунолошки систем, па затоа не е јасно дали за  децата би било најдобро кога целосно би се спречило ширењето на овие бактерии.

Во секој случај, експертите советуваат да се грижите за сопствената и за хигиената на вашите деца, која вклучува редовно миење на рацете и чистење или перење на играчките, за да се намали ризикот од заразување од ваквите инфекции.

“Ова е прво истражување кое покажува дека пневмококните бактерии се пренесуваат преку директен контакт, а не само преку воздухот”, вели претседателот на Европското здружение за респираторни болести, проф. Тобиас  Велте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi