НЕ Е БРЕМЕНОСТ: Ова се три причини зошто вашиот МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС доцни

16 август, 20180
m1

Ако вашата менструација доцни, најдобро е да се консултирате со гинеколог. Ако вашиот менструален циклус е одложен, тоа не мора да значи дека се во прашање хормоните, бременоста или предвремена менопауза. Обрнете внимание на тоа дали го занемарувате вашето здравје, бидејќи тоа може да предизвика отсуство на месечен циклус.

 Некои од причините може да бидат стрес, патување кое може да биде шок за телото и премалку спиење.

Стрес

Стресот може да го предизвика трауматски настани како што се смрт или болест на близок човек, раскинување на врска, селење или губење на работата. Ова се сите ситуации кои брзо и значително го зголемуваат нивото на стрес. Имено, големиот стрес делува на дел од мозокот наречен хипоталамус кој ги регулира хормоните во телото, вклучувајќи го и менструалниот циклус, кој потоа може да стане нередовен, а крварењето пообилно или многу слабо.

Патувања

Патувањата, особено подолгите може да бидат шок за организмот. Несоница, раздразливост, замор, се само некои од симптомите на т.н. “jet lеg” – краткотрајно нарушување поврзано со патување низ различни временски зони. Таквите промени може да влијаат и на менструалниот циклус кој може да стане пократок или подолг. Но, не грижете се, менструацијата треба да се нормализира по два или три циклуси.

Премалку сон

Одмор не е седењето пред телевизија, треба да се наспиете. Недостатокот на сон може да предизвика голем број на негативни промени во телото, како што се пад на имунолошкиот систем, нервоза, замор и слабост, но, исто така, да доведе до пореметување на менструалниот циклус. Докажано е дека на човечкото тело му се потребни 7-9 часа спиење и затоа е неопходно да се променат дневните рутини и да се обидете да му дадете на вашето тело доволно време за одмор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *